Дома Фудбал Чурлинов постигна гол во победата на Шалке па се повреди

Чурлинов постигна гол во победата на Шалке па се повреди

Maкедонскиот фудбалер Дарко Чурлинов го постигна вториот гол во вчерашниот триумф на Шалке над Падерборн во втората германска Бундеслига.

Чурлинов постигна гол во 74. минута меѓутоа веќе во 78. мораше да биде заменет поради повреда. Во овие моменти нема информации за каква повреда станува збор.

Посебно е важно да се знае степенот на повредата затоа што Македонија за помалку од едне месец ќе игра бараж-дуел за Мундија против Италија.

Шалке со вчерашниот триумф дојде до петтата позиција на табелата со 40 освоени бодови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Невидлива за „Златната топка“, незаменлива за Сити: Хемп заслужува повеќе

Лорен Хемп не се најде меѓу најдобрите во изборот за „Златната топка“, но нејзиниот ефект …