Младиот 19 годишен фудбалер, Килијан Мбапе уште сега е голема ѕвезда и еден од најдобрите фудбалери во светот.
Во ПСЖ оваа сезона прикажувао длични настапи, на седум натпревари постигна 10 погодоци и запиша четири асистенции, а беше и еден од најважните играчи на Франција со која го освои Мундијалот во Русија ова лето.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Мбапе постигна гол во финалето, но наградата за најдобар играч на турнирот му припадна на Лука Модриќ, додека Французинот мораше да се задоволи со наградата за најдобар млад играч.
Супер талентираниот тинејџер се наде и во конкуренција за освојување на „Златната топка“ која ја доделува „Франс Фудбал“.
? We have our 30 nominees for the 2018 Ballon d'Or France Football! #ballondor pic.twitter.com/M01sH5gspj
— #ballondor (@francefootball) October 8, 2018
Ќе потсетиме, Мбапе после одличната сезона во Монако, минатото лето се пресели во ПСЖ, а во младинскиот погон на клубот од Кнежеството го доведе Сулејман Камара.
Камара, е поранешен шеф на скаут службата на Монако, а тој смета дека Мбапе уште сега ја заслужува „Златната топка“.
„Ако бидеме целосно објективни, јас би му ја дал Златната топка уште оваа сезона, ја заслужува без никакво соменвање“