Големо изненадување во Полска. Чешка ја прегази Италија и дојде до првата победа на Европското првенство за репрезентации до 21 година со 3:1.
Натпреварот го одбележа фантастичниот погодок на Михаил Лифтнер од 30 метри, кога Џанлуиџи Донарума и по трет пат мораше да ја вади топката од својата мрежа, со што беше крунисана одличната игра на чешките младински репрезентативци.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Чесите одиграа одличен натпревар, поведоа во идеално време преку Михаил Травник, после што Азурите мораа да напаѓаат со сите свои сили, но изгледа дека при таквата иницијатива и премногу се изморија. Составот на Луиџи Ди Бијаџо конечно изедначи во 70-та минута преку Доменико Берарди, но Чесите имаа кец во ракавот. Марек Хавлик само девет минути подоцна со погодок ја круниса одличната акција на својот тим и повторно ја врати Чешка во водство.
Сепак, најубавото Чесите го зачуваа за крајот. Лифтнер ја повлече топката уште од својата половина, на 30 метри од голот на Донарума распали со жесток удар како од катапулт. Донарума се испружи колку што е долг, но беше немоќен пред импресивниот удар на Чехот.
Италија сега е на раб на елиминација, бидејќи ќе мора да се вади против Германија. Чесите против Данска ќе се обидат да стигнат до полуфинале, но за тоа треба да им се совпаднат и другите разултати.