Дома Фудбал Англија Челси повторно во преговори со Јувентус за Игуаин

Челси повторно во преговори со Јувентус за Игуаин

Лондонски Челси не се откажува од ангажирање на аргентинскиот напаѓач Гонзало Игуаин.

Новиот менаџер на Сините, Маурицио Сари со задоволство би го донел 30 годишниот напаѓач во својот тим.

ВАР во македонскиот фудбал – Разговор со Дејан Јакимовски | Уште еден поткаст


Раководството на Челси поради тоа одлучи повторно да отвори преговори со Јувентус. Не се познати деталите за понудата, но Бјанконерите нема да го пуштат за помалку од 60 милиони евра.

Претходно Челси го сакаше и дефанзивецот на Старата дама Даниеле Ругани. Сепак, се откажаа откако за него и Игуаин Јуве побара неверојатни 90 милиони евра.

Игуаин на крајот би можел да заврши на Стемфорд Бриџ. Јуве сигурно размислува за продажби поради финансискиот фер-плеј.

Игуаин во Јувентус пристигна во 2016 година од Наполи за 94 милиони евра, а минатата сезона постигна 23 гола на 50 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Еден од селекторите со најдолг стаж си даде отказ по 15 години – ќе работи во трета лига!

Долгогодишниот селектор на фудбалската репрезентација на Луксембург, Лук Холц, поднесе ост…