Дома Фудбал Англија Челси го санкционираше Коста, што е следно?

Челси го санкционираше Коста, што е следно?

Челси го казни напаѓачот Диего КОста со одземање на две неделни плати, бидејќи минатиот месец не се појави на почетокот на подготовките за новата сезона, пренесува Скај.

Како што се наведува, Коста е санкциониран со околу 300.000 фунти.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Коста во моментов е во Бразил, а во интервју за Дејли Мејл истакна дека Челси не сака да го пушти да се врати во Атлетико Мадрид. Тој го критикуваше тренерот, Антонио Конте кој на почетокот на летото преку смс порака го информираше дека не смета на неговите услуги.

Исто така, тој се закани дека последната година од договорот би можел да ја мине во Бразил, без фудбал и потоа да го напушти лондонскиот клуб како слободен играч..

Коста не беше во тренинг центарот на Челси во Кобама, откако екипата ја освои шампионската титула во мај, а медиумите шпекулираат дека во Челси биле загрижени дека Коста намерно се здебелил за да ја симне цената од 50 милиони фунти, колку што Челси бара за него.

Атлетико Мадрид сака да го врати Коста, но и шпанскиот репрезентативец сака да се врати на „Висенте Калдерон“.

Коста за Атлетико одигра 100 натпревари и постигна 54 погодоци, а во 2014.година премина во Челси за 32 милиони фунти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…