Барселона и гостуваше на Бенфика во петтото коло од групната фаза на Лигата на шампионите и ремизираше 0:0.
По нерешениот резултат на Камп Ноу, ситуацијата не изгледа лоша кога ќе се погледне на табелата, бидејќи Барселона на коло пред крајот има седум бода, а вечерашниот ривал има пет. Но, загрижувачки факт е што тимот на Чави во последното коло гостува кај Баерн, а Бенфика ќе го пречека отпишаниот Динамо.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Барселона затоа е во многу тешка ситуација, па дури и да ремизира, а Бенфика да победи, тие ќе одат понатаму поради подобриот меѓусебен дуел.
Што се однесува до вечерашниот дуел, сосема пристојно издание на Каталонците, но не успеаја да стигнат до погодок. Имаа навистина добри шанси, но тоа не беше доволно. Во 83. минута Камп Ноу „експлодира“, но голот на Арауја беше поништен поради недозволена позиција.
Барселона можеби е задоволна, но распоредот не е во нивна корист. Ако сака да се пласира во осминафиналето, ќе мора да го победи Баерн. Да потсетиме, Баерн денеска со 3:1 го победи Динамо Киев и има максимални 15 бода.
Челзи во дербито на 5 коло целосно го надигра Јувентус. Европскиот шампион ја покажа својата сила и победи со 4:0.
По првото полувреме домашните поведоа со голот на Чалобах од 25. минута.
Во првите десет минути од вториот дел Сините буквално ги понижија Бјанконерите, постигнаа два погодоци преку Џејмс и Одои и ги решија сите дилеми околу победникот. Конечниот резултат го постави Вернер.