Дома Топ вести Челзи ќе руши трансфер рекорд за големата желба на Тухел

Челзи ќе руши трансфер рекорд за големата желба на Тухел

Ѕвездата на Јувентус, Матијас де Лихт е новата голема желба на менаџерот на Челзи, Томас Тухел.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Сините“ до последниот момент од летниот преоден рок се обидуваа да го донесат Жил Кунде од Севиља, но сега ќе се насочат кон Де Лихт.

Неговиот агент Мино Раиола најави дека Холанѓанецот може да го напушти Јувентус на крајот на сезоната.

Медиумите на Островот тврдат дека раководството на Челзи веќе започнало преговори и работи на трансферот на Де Лихт, кој има откупна клаузула од 150 милиони евра.

Челзи ова лето го сруши трансфер рекордот кога плати 115 милиони евра за Ромелу Лукаку, а сега се спремни да платат 100 милиони евра, што е рекордна сума за еден дефанзивец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…