Раководството на Челзи започна преговори со лидерот во Бундеслигата, Лајпциг за трансфер на напаѓачот Тимо Вернер, пренесуваат медиумите на Островот.
„Сините“ сакаат да го донесат Вернер на „Стенфорд Бриџ“ уште во јануари и се спремни да ја победат конкуренцијата на Ливерпул.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Менаџерот на „црвените“ Јирген Клоп веќе подолго време покажува интерес за својот сонардник, но Ливерпул сака да го донесе Вернер по завршување на сезоната.
Челзи сака да ја победи конкуренцијата и да го донесе напаѓачот веднаш во Лондон, а за таа цел е спемен да понуди 60 милиони фунти.
Меѓутоа, Лајпциг ќе направи се што е во негова моќ за да ја задржи својата најголема ѕвезда до крајот на сезоната бидејќи тимот има реални шанси да ја освои титулата.
Вернер и оваа сезона игра фантастично и постигна 18 гоал на 17 меча во Бундеслигата.