Џуд Белингам е еден од најбараните фудбалери на трансфер пазарот, па на лето се очекува голема битка за неговиот потпис.
Реал Мадрид и Ливерпул се силно заинтересирани за Белингам, а сега во трката за потписот на Англичанецот се приклучи и Челзи.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Белингам има договор со Борусија Дортмунд до 2025 година, па германскиот клуб сигурно нема лесно да се откаже.
Челзи наводно е спремен да понуди 100 милиони евра плус бонуси, но ќе треба да ја победи конкуренцијата.
Реал Мадрид се уште е во пол-позиција за неговиот потпис, бидејќи самиот играч преферира преселба во Мадрид.