Челзи во зимскиот преоден рок потроши повеќе од 300 милиони евра, но имаше катастрофална сезона и заврши на средината на табелата.
„Сините“ ова лето ќе прават реконструкција на тимот, а целта е Покетино да добие тим кој ќе се бори за титулата.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Прва цел на Челзи е ѕвездата на Спортинг Лисабон, Мануел Угарте, пренесуваат медиумите на Островот.
Угарте има исклучителни дефанзивни карактеристики и според бројни статистички параметри е на самиот врв во Европа кога се во прашање поседите и пресретнати напади.
Уругваецот е желба на многу клубови, но Челзи сака да ја победи конкуренцијата и спремил понуда од 60 милиони евра плус 5 милиони како бонуси.
🚨 Chelsea have offered €60M + €5M in add-ons, with David Datro Fofana included on loan, for Manuel Ugarte.
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) May 30, 2023
The Sporting midfielder prefers to join Chelsea over PSG.
(Source: @record_portugal) pic.twitter.com/XJhCQCAwTy