Дома Топ вести Челзи не застанува, спреми 70 милиони за нов дефанзивец

Челзи не застанува, спреми 70 милиони за нов дефанзивец

Англиските медиуми пренесуваат дека Челзи ги интензивира преговорите за дефанзивецот на Лестер, Весли Фофана.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Сините“ се во потрага по квалитетен дефанзивец, па откако ја загубија битката за Жил Кунде, сега се насочуваат кон Фофана.

Лестер е во силна позиција да преговара за 21-годишниот дефанзивец бидејќи тој има договор до летото 2027 година, па ја одби првата понуда од 60 милиони фунти.

Меѓутоа, Челзи не се откажува и веќе има комплетен договор со Французинот, кој инсистира да се пресели на „Стенфорд Бриџ“.

Фофана е репрезентативец на Франција до 21 година, а се уште чека настап во сениорскиот тим. Во Лестер пристигна пред две години за 35 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…