Челзи ова лето сака значително да го засили тимот и ќе биде многу активен на трансфер пазарот.
Вчера како „бомба“ одекна веста дека е пред реализација трансферот на Тимо Вернер од Лајпциг за кого „сините“ ќе ја платат откупната клаузула од 60 милини евра.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Лампард сака да ја засили одбраната, поточно левата бековска позиција, па веќе започнал преговори со Лестер за трансфер на Бен Чилвел.
Чилвел е приоритет за таа позиција, но нема да биде лесно да затоа што Лестер за неговата слобода бара 50 милиони евра.
Чилвел сезонава има 28 натпревари со учинок од два гола и четири асистенции. Неговиот договор има важност до 2024 година, па поради тоа Лестер може да си дозволи да бара висока сума.
Доколку не успее да го договори Чилвел, Челзи ќе се насочи кон играчот на Ајакс, Николас Таљафико.
Chesea are also in talks with Leicester to sign Ben Chilwell. The left back wants to join the club – he knows Lampard wants him.
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) June 5, 2020
Nicolás Tagliafico is on Chelsea list as an option if Chilwell deal will collapse.
Werner deal almost ok – on paperworks time since yesterday. ? #CFC