Дома Фудбал Челзи излезе пред голманот со трoјца играчи. Погледнете што направи Стерлинг

Челзи излезе пред голманот со трoјца играчи. Погледнете што направи Стерлинг

ВУЛВЕРХЕМПТОН на домашен терен го победи Челзи со 2:1 во 18. коло од Премиер лигата.

Марио Лемина погоди во 51. минута, а Мет Доерти во 93. минута, додека Кристофер Нкунку успеа да го постигне единствениот гол за лондонскиот тим во 96. минута.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


На тој начин Челзи го претрпе осмиот пораз сезонава или четврти во последните шест првенствени натпревари. Избраниците на Маурисио Покетино се на десеттото место со 22 бода.

Но, на мечот со Вулверхемптон се можеше да заврши поинаку доколку Рахим Стерлинг ја реализираше големата шанса на Челзи во 32. минута.

Крилниот напаѓач на својата половина му ја одзеде топката на противникот и се упати кон голманот на Волците. Стерлинг можеше да додаде десно за Кол Палмер или Николас Џексон, но реши да шутира. Голманот го запре и тоа му ја уништи шансата на Челзи.

Челзи минува низ уште една тешка сезона и е далеку од позициите кои водат во европските натпреварувања. Гледајќи ја статистиката на Стерлинг, тој постигна шест и асистираше четири гола во 21 настап оваа сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Награда за неверојатен успех: Наполи го обезбедува најдобриот играч

Иако многумина беа скептични, Скот Мектоминеј и Наполи се вистински добитнички во фудбалск…