Дома Топ вести Челзи и Ливерпул го сакаат Де Јонг во јануари

Челзи и Ливерпул го сакаат Де Јонг во јануари

Барселона во текот на целото лето се обидуваше да го продаде Френки Де Јонг, но без успех, па Холанѓанецот остана на „Камп Ноу“.

Барселона се договори со Манчестер Јунајтед за трансфер вреден 85 милиони евра за 25-годишниот фудблер од средниот ред, но тој одби да разговара за трансфер.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


За Барселона најголем проблем е високата плата, па ќе се обиде да го продаде во зимскиот преоден рок.

 Според „ЕСПН“, за холандскиот интернационалец се заинтересирани и Челзи и Ливерпул. Претставници на „црвените“ веќе контактирале со агентите на Де Јонг.

Наводно и самиот Холанѓанец сега е решен да ја промени средината бидејќи е разочаран од односот на клубот кон него и малата минутажа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Англиските гиганти се „тепаат“ за Керкез

Манчестер Јунајтед, Челзи и Ливерпул се силно заинтересирани и ќе водат голема битка за ѕв…