Хаким Зијех е многу блиску до трансфер во Милан, откако раководството на Челзи го стави на трансфер листа Мароканецот, пренесува „Скај Спорт“.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Сините“ од Лондон ќе се засилат со Рахим Стерлинг и нема да има место за Зијех во тимот и му порачале дека слободно може да си бара нов клуб.




Најсилен интерес за него покажува италијанскиот шампион Милан, а Зијех веќе има договор со „росонерите“.




Во Милано добија зелено светло за привлекување на поранешниот играч на Ајакс, а тој ќе биде доведен на позајмица, со опција за откуп.




Милан ќе плати 5 милиони евра за позајмицата, а следното лето ќе може да го откупи Мароканецот за 20 милиони евра.