Челзи е силно заинтересиран за голгетерот на Лил, Џонатан Дејвид и сака да го доведе во зимскиот преоден рок.
Новиот менаџер Грем Потер го потенцирал името на Дејвид бидејќи му е потребен централен напаѓач во тимот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Дејвид игра уште една фантастична сезона и моментално е прв стрелец во француската лига со 9 постигнати гола.
22-годишниот Канаѓанец е мета на многу клубови, меѓу кои Милан и Баерн, па поради тоа Челзи сака што побрзо да ја победи конкуренцијата.
„Сините“ се спремни за него да понудат 50 милиони фунти во јануари, а и самиот напаѓач сака да ја промени средината и преферира да се пресели во Премиер лигата.