Иднината на Бернардо Силва во Манчестер Сити е неизвесна, а Португалецот и минатото лето размислуваше да ја промени средината.
Бернардо Силва оваа сезона е еден од најдобрите фудбалери во Премиер лигата, а откри дека минатото лето имал понуди и размислувал да ги прифати.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Бернардо Силва има договор со Сити до 2025 година, а „граѓаните“ сигурно нема лесно да се откажат од него и ќе направат се за да го задржат.
Португалскиот интернационалец и понатаму важи за голема желба на раководните лица на каталонскиот гигант Барселона, а Чави дал зелено светло за трансферот.
Сепак, Каталонците ќе треба да испратат понуда од најмалку 70 милиони евра за потписот на Бернардо Силва.