Десниот бек на Барелона, Сержињо Дест би можел уште во јануари да го напушти „Камп Ноу“, пренесуваат шпанските медиуми.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Имено, новиот тренер Чави не е задоволен од неговата игра во дефанзива и веќе му ја отворил излезната врата.
Дест кај Роналд Куман беше стандарден, додека кај Чави не добива шанса, па и самиот е спремен да ја промени средината.




Дест има договор со Барселона до јуни 2025 година, па Каталонците сакаат да заработат од неговата продажба.
Барселона веќе нашла замена и започнала преговори за ангажман на Мазрауи од Ајакс (ОВДЕ).