Дома Моторспорт Страшен удар на Ботас во Мексико: Трката запрена, возачот без повреди (Видео)

Страшен удар на Ботас во Мексико: Трката запрена, возачот без повреди (Видео)

Страшен удар на Ботас во Мексико: Трката запрена, возачот без повреди (Видео)

Валтери Ботас мина без повреди во тешкиот инцидент што го прекина Гран при на Мексико. Возачот на Кадилак беше пуштен од медицинскиот центар по прегледите направени од претпазливост, а тимот потврди дека е добро.

Несреќата се случи во 45. од предвидените 71 круг. На приодот кон првиот свиок откажа предното лево потпирање на неговиот болид, по што Ботас се заврте и со задниот дел силно удри во заштитната ограда. Следуваше црвено знаме за да се санира оштетената бариера.

Медицинската екипа подолго разговараше со него додека сè уште беше во кокпитот. Потоа Ботас сам излезе од болидот и замина без туѓа помош.

Првата информација од Кадилак беше дека возачот одговарал преку радиоврската и дека ќе биде однесен на дополнителни медицински проверки. Набргу пристигна и потврдата дека е пуштен од медицинскиот центар, но дека нема да ги извршува медиумските обврски по трката.

Колку бил тежок моментот покажа и неговата првична реакција преку радиото. На прашањето дали е добро, Ботас одговори со „не“, проследено со пцовка.

Фото: Yu Chu Chin / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

ФИА ги предупредила, но залудно: Ферстапен и Лосон казнети по судирот во Мексико

Шефовите на сите 11 екипи добиле порака да ги смират возачите уште пред тренинзите. Потоа …