Дома Трансфер зона Барселона почна преговори со ѕвездата на Ајакс

Барселона почна преговори со ѕвездата на Ајакс

Како што пренесува каталонски „Спорт“, Барселона е силно заинтересиранa за играчот на Ајакс, Нусер Мазрауи.

Овој 24 годишен десен бек оваа сезона има 20 настапи за Ајакс во сите натпреварувања, а има и четири гола, како и три асистенции.

Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


Неговиот договор со Ајакс истекува на крајот на сезоната, а тоа го прави интересен за многу европски гиганти.

„Спорт“ пренесува дека Барселона стапила во контакт со неговиот агент и сака да го донесе играчот во јануари.

Со оглед на фактот дека Мазрауи на крајот може да замине како слободен агент, Ајакс е спремен да прифати понуди во зимскиот преоден рок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…