Барселона не успеа да го победи Еспањол и загуби два важни бода во трката за шампионската титула.
Тренерот Чави Ернандес после мечот го обвини судијата дека ја изгубил контролата на мечот, но призна дека неговиот тим не играл добро.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
„Овој пат судијата загуби контрола над натпреварот. Неговата работа е да биде судија, а тој само мафташе со картони. Тоа и му го кажав по натпреварот. Што се однесува до резултатот,сами сме виновни за ремито“.
„Доколку Лахоз реши да разговара, би го прашал зошто дозволи играта да излезе од контрола. Судиите кои решаваат да разговараат и даваат човечки карактер на својата работа“, изјави Чави.