Најдобриот македонски ракометен состав Вардар доби ново засилување и тоа во стручниот штаб во името на Билјана Црвенковска.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Поранешната македонска репрезентативка и екс ракометарка на Вардар, Кометал Ѓорче Петров, Ускудеа (Турција) и Салерно (Италија) досега беше заменик директор во клубот, но сега има нова функција и ќе му помага на тренерот Роберто Гарсија Парондо заедно со Дејан Периќ.
-Ова е ново искуство и голем предизвик за мене. Ќе дадам сѐ од себе максимално да му помогнам на стручниот штаб и на целиот тим, -порача Црвенковска за официјалната веб страна.