Црвена Звезда синоќа постигна историски успех и се пласираше во Лигата на шампионите, а денес се раздели со својот најдобар фудбалер, Немања Радоњиќ.
Играчот за врска денес го комплетираше трансферот во францускиот гигант Марсеј, а српскиот тим ќе инкасира 12 милиони евра.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Ова е вториот голем трансфер за тимот на Руди Гарсија, откако пред неколку дена го комплетираа трансферот на Кевин Стротман.
22-годишниот Радоњиќ беше член на Рома, а во 2017 година и се пруклучи на Црвена Звезда, па поради тоа „волчицата“ ќе добие 20% од трансферот на Србинот.
Very happy to sign for @OM_Officiel ! Can’t wait to play in Stade Velodrome, fans look crazy !!! ⚪️?? Allez OM #TeamOM pic.twitter.com/yBlymM00R2
— Nemanja Radonjic (@NemaRadonjic) August 30, 2018