Дома Трансфер зона Цената на останувањето на Меси ја плаќа Гризман?

Цената на останувањето на Меси ја плаќа Гризман?

Шпанските медиуми пишуваат дека никој од соиграчите на Лионел Меси не се огласил откако Аргентинцот реши да остане во Барселона уште една сезона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Меси на крајот на август официјално побара да го раскине договорот со Барселона, но каталонскиот гигант не му дозволи.

Шпанско радио сега открива дека во соблекувалната имало конфликт бидејќи соиграчите на Меси не се огласиле поради останувањето на Аргентинецот, кој е разочаран од нивните реакции.

Меси смета дека Барселона следната сезона нема да биде конкурентна во борбата за трофејот во лигата на шампиони, а тоа не им се допаѓа на неговите соиграчи.

Сепак, цела оваа драма во Барселона може некој скапо да го чини, а според каталонските медиуми Антоан Гризман е на излезна врата, па останува да видиме што ќе се случи со него.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…