Дома Фудбал Цел свет очекуваше спектакл, обложувалниците големи цифри, а во Дортмунд беше виден само еден гол

Цел свет очекуваше спектакл, обложувалниците големи цифри, а во Дортмунд беше виден само еден гол

Фудбалерите на Борусија Дортмунд и Вердер Бремен го отворија новото осмо коло од Бундес лигата по репрезентативната пауза.

„Милионерите“ подобро го отворија натпреварот, но не успеаја да го пробие одбранбениот блок на Вердер, кој долго ја „држеше играта на нула“.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Сепак, во 67 минута Емре Џан упати одлична длабинска топка кон Јулијан Брандт, кој се најде сам пред противничкиот гол и со прекрасен финиш ги доведе „жолто-црните“ во водство.

Овој гол беше доволен за нов триумф на Борусија Дортмунд, вкупно шести сезонава во германскиот шампионат за моментно прво место со 20 бодови, пред Баер Леверкузен (19), Штутгарт (18), Баерн Минхен (17)…

После шестиот пораз, трет во низа, Вердер Бремен е на 14 позиција со шест бодови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

И Нотингем во своите редови има „бисер“: Сака да го продаде за 100 милиони евра!

Дојде време кога малку по малку секој играч достигнува „сточна“. Скоро сите клубови во Пре…