Дома Фудбал Репрезентации Хрватска мака мачеше, но успеа да слави (Видео)

Хрватска мака мачеше, но успеа да слави (Видео)

Хрватска се извлече и успеа да го сочува првото место на табелата во групата во рамки на мундијалските квалификации. „Ватрени“ тешко стигнаа до трите бода и ги задржаа објективните шанси да се пласираат на петтото СП.

Кога не можеа напаѓачите, а играа Мандџукиќ, Перишиќ, Калиниќ и Крамариќ, погодокот вреден три бода го постигна стоперот. Домагој Вида во 74. минута остана заборавен во петтерецот на гостите и со глава реагираше на центаршутот од Лука Модриќ за 1:0.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Инаку за потсетување, денеска се доигра мечот помеѓу Хрватска и Косово, со оглед на тоа дека синоќа нивниот меч беше прекинат поради временските услови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Алегри го објави датумот кога Модриќ ќе пристигне во Милан

Масимилијано Алегри, кој повторно се најде на тренерското столче на Милан, потврди дека Лу…