Италијанските медиуми откриваат дека Хари Кејн од следната сезона ќе заигра на „чизмата“.
Имено, напаѓачот на Тотенхем и капитен на оваа екипа сака да игра во Лига на шампиони и да се бори за сите трофеи во сезоната.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според моменталната ситуација во Премиер лигата, лондонскиот клуб тешко дека ќе дојде до 4. место кое води во најелитното европско натпреварување. За титулата во ПЛ може само да сонува.
Па затоа, репрезентативецот на Англија ќе сака да биде продаден. Претседателот на клубот Даниел Леви не сака да се откаже од неговите услуги за помалку од 150 милиони евра.
Самиот играч, според информациите до кои дојдоа италијанските медиуми изразил желба да ги засили редовите на Јувентус.
Кејн има 26. години и во дресот на Тотенхем одигра 278 натпревари и постигна 181 погодок.