Дома Фудбал Франција Хаос на меч во Франција: Девет гола, пресврт, три црвени картони и прекин од 25 минути

Хаос на меч во Франција: Девет гола, пресврт, три црвени картони и прекин од 25 минути

Во француската втора лига Генгамп го победи Мец со 3:6 во рамките од осмото коло, а на овој натпревар се случуваше вистински хаос.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Освен што видовме девет гола беа покажани пет жолти картони, три црвени, имаше и прекин од 25 минути поради нереди на трибините.

Натпреварот за Мец почна добро, Мец постигна гол во втората минута, сопствената мрежа ја погоди Винсент Мансо. Само пет минути подоцна Ливолант изедначи. Веќе во 10-тата минута „падна“ третиот гол, Жалоу погоди за 2:1, а после 16 минути игра Мец водеше со 3:1.

После ваквиот почеток изгледаше дека Мец нема да има проблеми и лесно ќе дојде до трите бода. Хаосот почна со глупоста на домашниот дефанзивец, Кики Кујате кој прво доби жолт картон, а потоа фрли нешто кон судијата и заслужено беше испратен во соблекувалната.

Генгамп во 45. минута стигна до 3:2, а две минути подоцна црвен картон доби домашниот голман Александре Оукица, Гаетан Куртет од белата точка изедначи на 3:3.

Трет црвен картон домаќините добија во 56. минута, опасно стартуваше Жан Жак Данли. Тогаш судијата го прекина натпреварот и ги испрати фудбалерите во соблекувалната затоа што навивач кој се качил на оградата му испраќал закани.

По прекинот од 25 минути натпреварот продолжи, а гостите ја искористија играчката предност и до крајот постигнаа уште три гола за победа од 3:6.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Франција

Проверете

Керик остана без голема желба: Бразилецот го одби Манчестер Јунајтед и потпиша тригодишен договор

Мајкл Керик сè уште официјално не започна да го составува тимот за новата сезона, а Манчес…