Дома Топ вести Халанд во договорот со Сити ќе има специјална клаузула

Халанд во договорот со Сити ќе има специјална клаузула

Раководството на Манчестер Сити е спремно да вклучи во договорот со Ерлинг Халанд специјална клаузула „Реал Мадрид“.

Според „Тајмс“ клубот му ветил на Халанд дека во даден момент од кариерата тој ќе има можност да се пресели во „кралскиот“ клуб, што е негова желба за во иднина.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Клубот од „Етихад“ е во напредни преговори и верува дека за неколку дена ќе го комплетира трансферот.

Халанд ќе биде најскапиот фудбалер во Премиер лигата со неделна плата од 500.000 фунти. „Граѓаните“ ќе ја платат откупната клаузула од 75 милиони евра, притоа ќе му дадат 40 милиони евра бонус на неговиот менаџер и на таткото на Норвежанецот.

Халанд ќе потпише 4-годишен договор, а специјалната клаузула било деталот кој го убедил голгетерот да ја прифати понудата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…