Дома Фудбал Фудбалскиот свет се простува од Рејес: Скршени сме, беше голем играч и неверојатен човек!

Фудбалскиот свет се простува од Рејес: Скршени сме, беше голем играч и неверојатен човек!

Смртта на Хосе Антонио Рејес го потресе фудбалскиот свет. Славниот шпански фудбалер денес го загуби животот во сообраќајна несреќа.

Фудбалскиот свет е завиен во црно. Клубовите и фудбалерите се простуваат од Рејес, а прв на трагичната вест реагираше капитенот на Реал и еден од најдобрите пријатели на Рејес, Серхио Рамос.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Скршен сум и уништен. Немам зборови. Сакам да изразам сочуство до неговото семејство. Никогаш нема да те заборавам, брате мој“, напиша Рамос на Твитер.

Со емотивна порака се прости и неговиот поранешен соиграч, Тиери Анри.

„Се шокирав кога ја слушнав тажната вест. Беше голем играч, одличен соиграч и неверојатен човек. Сочуство до семејството и пријателите“, порача Анри.

Готово сите фудбалски клубови преку социјалните мрежи се простоја од Рејес и ја споделија својата тага.

УЕФА исто така со порака се прости од шпанскиот фудбалер и потврди дека ќе има минута молчење на вечерашното финалето во ЛШ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милан не се откажува од Гомез

Милан сака во зимскиот преоден рок додатно да го засили тимот во битката за Скудетото. При…