Дома Фудбал Франција ја победи Аргентина и се пласира во полуфиналето на ОИ

Франција ја победи Аргентина и се пласира во полуфиналето на ОИ

Француската фудбалска репрезентација се пласираше во полуфиналето на Олимписките игри, откако во Бордо ја совлада Аргентина во четвртфиналето со резултат 1:0.

Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Жан-Филип Матета во петтата минута.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Веднаш по крајот на натпреварот дојде до физичка пресметка меѓу играчите. Сè траеше околу две минути пред да се разделат ривалите. Наводно, метеж имало и во тунелот што води кон соблекувалните.

Пред, за време и по натпреварот, домашната публика ги исвиркуваше фудбалерите на Аргентина и нивниот селектор Хавиер Маскерано.

Во полуфиналните мечеви на олимпискиот турнир на 5 август Франција ќе игра против Египет, додека Шпанија за ривал ќе го има Мароко.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фудбалерот кој беше голема надеж на Барселона се врати во Англија

Поранешниот фудбалер на Барселона, кој минатата сезона ја мина на позајмица во Џирона, Ори…