Дома Фудбал Останато Франција има најмногу фудбалери во Топ 5 првенствата во Европа

Франција има најмногу фудбалери во Топ 5 првенствата во Европа

Француските фудбалери се најзастапени во петте најсилни европски шампионати оваа сезона, покажа истражувањето на Институтот за фудбалска историја (CIES).

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Француските фудбалери поминуваат 19.7% од времето на теренот во европските Топ 5 лиги, потоа следуваат Шпанците со 15.2% и Германците со 9.8%.

Општо граѓани од 85 држави зеле учество во натпревари од петте најсилни првенства во Европа оваа сезона. Инаку, во секоја лига највисок процент има на домашни фудбалери, меѓутоа разликите се големи.

Во Франција 62.7% се домашни фудбалери, а во Премиер лигата играат само 35.3% домашни фудбалери.

Најмногу Французи играат во Англија – 10.9% од општиот број на фудбалери, а во Германија нивниот процент е точно 8.0. Следуваат Бразилците со 7% во Италија и 6.8% во Франција и Аргентинците со 6.8% во Шпанија.

Премиер лигата логично е со најмногу преставници од различни држави – таму играат граѓани на вкупно 54 држави или една четвртина од членките на ФИФА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Арена спорт го објасни проблемот со каналите на македонски јазик

По лансирањето на проектот Арена Македонија кој почна на почетокот на овој месец измиантит…