Фудбалските фанови веќе навикнаа да ги гледаат натпреварите без публика поради ситуацијата со коронавирусот, а во Франција сигурно гледачите нема да се вратат на стадионите пред летото 2021.
Кога на пролет немаше одлука за останатите топ 5 првенства Франција прва донесе одлука сезоната да не се продолжи, сега први носат одлука да нема навивачи до крајот на сезоната. И во останатите европски првенства публика нема, меѓутоа засега нема донесено одлука дека тоа така ќе биде до крајот на сезоната.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Инаку, Емануел Макрон најави помош со сума од околу 400 милиони евра за спортскиот сектор во Франција.