Фудбалерите на Арсенал денеска играат на домашен терен против Евертон во натпреварот од 26. коло на англиската Премиер лига.
Тоа ќе биде прилика за навивачите на лондонскиот клуб на сцената да ги видат новите засилувања Хенрик Михтаријан и Пјер-Емерик Обамејанг. Сепак, дебито на Обамејанг е под знак прашалник поради настинка, но англиските медиуми веруваат дека Обамејанг на крајот ќе се најде во составот за натпреварот против „Карамелите“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Арсен Венгер на вчерашната пресконференција изјави дека верува дека во стартниот состав би можеле да играат Озил, Михтаријан, Лаказет и Обамејанг, што е навистина малку чудно. Сепак, изгледа дека францускиот стратег има јасна визија што да направи, бидејќи не сака Лаказет и Обамејанг да седат на клупата.
Со доаѓањето на Обамејанг многумина заклучија дека Лаказет ќе се пресели на клупата, бидејќи францускиот напаѓач не ја оправда довербата од доаѓањето од Лион. Но, изгледа дека Лаказет е подготвен за соработка со Обамејанг, а на новиот соиграч му испрати порака преку Инстаграм.