Манчестер Сити освои шест трофеи од доаѓањето на шеикот Менсур во сепремри 2008. година.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Поминаа речиси десет години од купувањето вредно 265 милиони фунти, а во меѓувреме, Манчестер Сити од просечна екипа на средината на табелата стана европски гигант за кого играат најдобрите светски играчи и кој од минатата сезона го води можеби најдобриот тренер во светот, Пеп Гвардиола.
Малку е да се каже дека денешниот тим се разликува од оној кој го затече Менсур во септември 2008. година, иако е изненадување кога во сезоната 2008/09 значајна улога имаа Џо Харт и Висент Компани, играчи кои се уште имаат договор со англискиот гигант.
Еве како изгледаше Манчестер Сити во последниот натпревар пред доаѓањето на шеикот, победи со 3:0 на гостувањето против Сандерленд. И да, Компани во тоа време играше на позицијата играч за врска.
