Играчите на Арсенал вчера имаа заедничко сликање за новата сезона, меѓутоа еден играч го пропушти традиционалниот обичај.
Санти Казорла го пропушти сликањето, наводно, доби дозвола од клубот да не биде дел од фотографијата за да може да отпатува во Шпанија на закажаната средба со лекар. Шпанскиот интернационалец кој од месецот октомври е надвор од терените, се проближува кон завршната фаза од неговото закрепнување по операцијата на зглобот.
Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓
Тренерот на Арсенал, Арсен Венгер потврди дека Казорла најверојатно ќе се врати на почетокот на 2018. година. За да му помогне во неговото закрепнување, Венгер му дозволил на Казорла да се врати во Шпанија за да го посети докторот.