Дома Фудбал Останато ФИФА ја суспендираше ѕвездата на Тотенхем

ФИФА ја суспендираше ѕвездата на Тотенхем

Светската фудбалска федеранција (ФИФА) го суспендираше репрезентативецот на Англија, Деле Али, поради неспортското однесување во натпреварот од квалификациите за Светското првенство против Словачка, кој се одигра на 4 септември во Лондон.

Играчот од средината на оваа репрезентацијата, покажа среден прст кој наводно бил наменет за соиграчот Кајл Вокер, но делегатот на овој натпревар го процени ова како неспортско однесување.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Бидејќи во близина на Али, беше и главниот судија во тие моменти изгледаше како средниот прст да е наменет токму за него, но фудбалерот на Тотенхем подоцна се правдаше дека бил наменет за неговиот соиграч.

Меѓутоа ФИФА не му прости. Али беше казнет со еден натпревар суспензија и тој ќе го пропушти натпреварот против Словенија кој се игра на „Вембли“ на 5 октомври.

Англичаните со победа над Словенија би можеле да го обезбедат пласманот на Мундијалот во Русија, а ако тоа не се случи ќе имаат поправен три дена подоцна против Литванија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Вујовиќ со порака до Србите: Игрете во Лесковац бидејќи на друго место не смеете ни да се појавите

Фудбалската репрезентација на Србија изгуби минатата сабота од Албанија во Лесковац со 0:1…