Дома Фудбал Англија ФИФА започна истрага за трансферот на Погба!

ФИФА започна истрага за трансферот на Погба!

Светската фудбалска федерација (ФИФА) отвори истрага по повод трансферот на Пол Погба во Манчестер Јунајтед.

Францускиот репрезентативец минатото лето, се врати на „Олд Трафорд“ за рекорден трансфер, кој изнесуваше 106 милиони евра.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Агенцијата АФП пишува дека ФИФА истрагата ја започнала поради наводен конфликт на интереси, на фудбалскиот менаџер Мино Раиола.

Раиола ги застапува Златан Ибрахимовиќ и Хенрик Мхитаријан, двајца играчи кои исто така минатото лето се преселија на „Олд Трафорд“.

Погба во Јунајтед има неделна плата од 165.000 фунти, а на почетокот на 2018 година ќе добие дополнителни 3,4 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Шеф на Лион за Ендрик: Колку повеќе игра, толку помалку плаќаме на Реал Мадрид

Техничкиот директор на Лион Матијо Лиу-Жан се пофали со поволната структура на заемот, со …