
Нотингем Форест, повратникот во Премиер лигата попладнево го потврди трансферот на Морган Гибс Вајт од Вулверхемптон за 42.5 милиони фунти, што е рекордно засилување за овој клуб.




Адријано Галијани кој денес работи во италијанската Монца која се избори за промоција во Серија А неодамна се пожали на ситуацијата со англиските и италијанските клубови.




Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Дефинитивно англиските клубови трошат повеќе од останатите, посебно кога се споредуваат оние „помалите“. Меѓутоа тие „помали“ англиски клубови можат со сумите на трансфер пазарот да конкурираат и со останатите европски гиганти.




Вајт е 16-тото засилување за Нотингем со што клубот на засилувања летово потроши 150 милиони евра. Со таа сума тие се на второто место во Европа по потрошените пари на засилувања, прв е Челзи, а зад нив се наоѓа Барселона.