Крилниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд игра одлично во последно време.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Тој на синоќешниот натпревар против Бартон во Карабао Купот постигна два гола, а по натпреварот доби многу позитивни коментари.
Поранешниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед и Евертон, Фил Невил смета дека Рашфорд е на исто ниво со фудбалерите на Барселона и ПСЖ, Осман Дембеле и Килијан Мбапе.
„Сите ги фалат Дембеле и Мбапе, а никој не зборува за Рашфорд во оваа земја. Само затоа што е Англичанец, ние велиме ‘тој игра на левото крило и е во ред’. Тој е на нивото со Дембеле и Мбапе, кои исто така играат на крилните позиции. Луѓето велат дека Рашфорд треба да игра централен напаѓач, но тој може да игра каде сака, бидејќи навистина е добар. Тој исто така има цена како тие двајца – 100 или 150 милиони фунти. Тој е еднакво добро како и тие и напредува секоја сезона“, изјави Невил.