Oле Гунар Солскјер добива многу критики од навивачите на Манчестер Јунајтед и медиумите.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Манчестер Јунајтед не игра добро, но Норвежанецот се уште е на клупата. Овие денови се појавија гласини дека него ќе го наследи Маурисио Покетино, но легендата на „црвените ѓаволи“ не смета така.
„Медиумите искажаа многу непочитување кон Оле. Се пишува дека веќе се преогвара со Покетино, од доверливи извори дознав дека немало никакви разговори и дека клубот тоа никогаш не би му го направил на Солскјер. Многу е неубаво така да се пишува за Солскјер. Тој својата работа си ја работи добро, тимот победува тогаш кога мора, тоа го покажаа во натпреварот против Евертон“, изјави Фердинанд.
На табелата во Премиер лигата Манчестер Јунајтед е на 14. место со само десет освоени бодови.