Дома Фудбал Англија Фергусон е во кома:„Не сме сигурни дали ќе преживее“

Фергусон е во кома:„Не сме сигурни дали ќе преживее“

Легендарниот менаџер на Манчестер Јунајтед и најтрофеен менаџер во Премиер лигата, Алекс Фергусон се наоѓа во критична состојба и води животна битка.

Последните информации од Островот се дека Фергусон моментално е во кома, а близок пријател на семејството за медиумите изјави дека се уште не се сигурни дали Алекс ќе успее да преживее.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


„Не се сигурни дека ќе преживее, но сите се обидуваат да останат оптимисти. Се надеваат дека борбениот дух на Ферги уште еднаш ќе ја добие битката. Фудбалскиот свет е изненаден и погоден, Фергусон беше со добро здравје, полн со сила и елан, а вчера следеше шок за сите“, изјави пријателот.

„Алекс Фергусон е во сериозна здравствена состојба. Сите доктори се ангажирани околу него, но мораме да бидеме подготвени и на најлошото”, напиша еминентниот Гардијан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Македонија Ѓорче Петров го доби Работнички, Тиквеш го прегази Арсими! (Видео)

Во 21. коло од Првата фудбалска лига денеска се одиграа два натпревари полни со голови, а …