Дома Топ вести Фелаини се сели во Италија?

Фелаини се сели во Италија?

Играчот за врска на Манчестер Јунајтед, Маруан Фелаини може да ја продолжи кариерата во Италија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Италијанските медиуми пренесуваат дека Рома покажува сериозен интерес за Белгиецот. Информациите од Островот тврдат дека Фелаини одбил да го продолжи договорот со „црвените ѓаволи“ кој истекува во јуни 2018 година.

Тоа значи дека Фелаини ќе биде слободен агент на крајот на сезоната, а Рома сака да ја искористи таквата ситуација.

30-годишниот фудбалер не е задоволен од својот статус на „Олд Трафорд“ бидејќи оваа сезона има само 9 настапи во Премиер лигата.

Од раководството на Рома се надеваат да потпишат преддоговор со Фелаини уште во јануари и веќе започнале преговори со неговиот агент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…