Маруан Фелаини согурно ќе го напушти Манчестер Јунајтед на крајот на сезоната и тоа како слободен играч.
Неговиот договор истекува на лето, а Фелаини одби да преговара за продолжување на соработката, бидејќи сака да ја промени средината.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Белгиецот има богати понуди од Турција, каде интерес за него покажуваат Фенербахче и Галатсарај, но тој сака кариерата да ја продолжи во Италија.
Имено, „Кориере дело Спорт“ пренесува дека Фелаини ја избрал Рома и е спремен да прифати помала плата само да се пресели во Рим.
Рома бара засилување за средниот ред бидејќи неизвесна е иднината на Стротман и Наинголан и веќе почнала преговори со неговиот агент.
Италијанските медиуми тврдат дека двете страни се блиску до договор и дека големи се шансите Фелаини од следната сезона да настапува на „Олимпико“.
Marouane Fellaini has offered himself to Roma as he looks set to leave Manchester United when his contract ends in the summer. (Source: Corriere Dello Sport) pic.twitter.com/eXeL0wTHSq
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) April 7, 2018