Управниот одбор на Македонската кошаркарска федерација, на редовната седница вчера побара МЗТ Скопје Аеродром најдоцна до 25 ноември да се откаже од настапите во Еврокупот, бидејќи Светската кошаркарска федерација (ФИБА) ја повторила заканата дека ќе ги суспендира настапите на репрезентативните селекции.
„Ние добивме допис од Камил Новак, во кој се потврдува 25 ноември како последен рок до кога екипите кои настапуваат во натпреварувања кои не се признаени од ФИБА мора да го откажат учеството, во спротивно сениорската репрезентација ќе биде суспендирана. МЗТ ќе треба да го напушти проблематичното натпреварување, во спротивно МКФ ќе мора да го казни“, истакна првиот човек на МКФ, Петар Наумовски.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Компромисно решение да се почека разрешницата во спорот меѓу ФИБА и Евролигата која се води пред Европската комисија, но Наумовски потенцира дека е подготвен да го казни МЗТ доколку ФИБА го побара тоа од него, со цел да ја избегне суспензијата на Федерацијата и сениорската репрезентација.
Сепак клубот од Аеродром преку соопштение порача дека нема намера да го напушта Европкупот!