Дома Фудбал Останато Уште една сензација од Креспо и Ал-Аин: Го елиминираа и лидерот од Саудиска Арабија за финале во азиската ЛШ!

Уште една сензација од Креспо и Ал-Аин: Го елиминираа и лидерот од Саудиска Арабија за финале во азиската ЛШ!

Ал Аин од Обединетите Арапски Емирати приреди нова сензација во азиската Лига на шампиони.

Откако во четврт-финалето го елиминираше Ал Наср на пенали, саудискиот клуб за кој настапуваат Кристијано Роналдо, Марсело Брозовиќ, Садио Мане, Ајмерик Лапорте, Давид Оспина, Алекс Телес, сега го елиминираше и Ал Хилал, убедливиот лидер во саудиската лига во полуфиналето.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Тимот предводен од Сергеј Милинковиќ-Савиќ, Александар Митровиќ, Калиду Кулибали, Рубен Невес, Јасин Боно…,беше елиминиран од тимот од Обединетите Арапски Емирати каде што најпознато име е тренерот Ернан Креспо кој зад себе имаше блескава кариера како напаѓач, но не така успешна тренерска засега.

Но, Ал Аин, сепак, елиминираше уште еден саудиски супербогат со вкупни 5:4 во полуфиналето на азиската Лига на шампиони. Иако Ал Хилал го доби реваншот со 2:1, тоа не беше доволно за место вп финалето бидејќи претходно беа поразени со 4:2.

Во битката за трофејот Ал Аин ќе игра против подобриот од корејскиот Улсан и јапонската Јокохама.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Голем трансфер од Премиер лигата за Рома

Рома договори трансфер на холандскиот напаѓач Дониел Малeн од Астон Вила на позајмица, со …