Дома Фудбал Останато Уште еден случај со корона во српската Федерација – позитивен е Пантелиќ

Уште еден случај со корона во српската Федерација – позитивен е Пантелиќ

Српската фудбалска Федерација денес го потврди и вториот позтививен случај на коронавирус.

После претседателот Славиша Кокеза, денес на коронавирусот позитивен беше и потпретседателот Марко Пантелиќ. Тој е во домашен карантин и се чувствува добро.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


41-годишниот фудбалски функционер неодамна учествуваше на Конгресот на УЕФА и на ждребот на Лигата на нации во Амстердам.

Поради контактите кои ги имал со претседателот на хрватската Федерација Давор Шукер и селекторот Златко Делиќ и тие од денес се во карантин.

Исто така и челниците на македонскиот фудбал на чело со претседателот Мухамед Сејдини и селекторот Игор Ангеловски се во домашна изолација, откако присуствуваа на Конгресот на УЕФА во Амстердам, каде беше и претседателот на Фудбалскиот сојуз на Србија, Славиша Кокеза.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ливерпул дозна колку треба да плати на Челси за Рио Нгумоа

Арбитражната комисија на Фудбалската асоцијација (ФА) одлучи дека Ливерпул треба да плати …