Дома Останати Кошарка Уште еден одличен натпревар за Димитријевиќ: Постигна 19 поени во победата на Уникс

Уште еден одличен натпревар за Димитријевиќ: Постигна 19 поени во победата на Уникс

Maкедонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ одигра уште еден одличен натпревар за Уникс Казан.

Уникс Казан денес славеше против Нижни Новгорд (75:57), а Димитријевиќ постигна 19 поени. Натпреварот беше решен во втората четвртина која Уникс ја доби со 21:6. Од тој момент ја одржуваа предноста и стигнаа до третата победа сезонава во ВТБ лигата.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Покрај 19 поени, Димитријевиќ додаде уште два скока и три асистенции. Претходно Уникс славеше против Зенит и Енисеј, додека во следниот натпревар ќе игра против Астана. Треба да се спомене и дека во минатото коло Димитријевиќ беше избран во најдобрите 11.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Нико Херисон за трејдот на Дончиќ: Не жалам поради мојот потег, ќе видите и зошто!

Нико Харисон преку ноќ стана „персона нон грата“ во Далас. Причините се повеќе од јасни, г…