Дома Фудбал Англија Уште еден доказ дека Мурињо го загубил „компасот“: До пред две недели го плукаше, а утре е веќе стартер за „Црвените Ѓаволи“

Уште еден доказ дека Мурињо го загубил „компасот“: До пред две недели го плукаше, а утре е веќе стартер за „Црвените Ѓаволи“

Пред две недели го понижи пред сите на „Олд Трафорд“ и го изнесе од игра на полувремето против Брајтон.

По мечот дури и го критикуваше за партијата и ја доведе во прашање неговата „класа“ и „карактер“, а утре може ќе се најде во првиот состав како стартер против Свонси.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Таква е чудната судбина на левиот бек Лук Шо, кој сега му е потребен на Жозе Мурињо, по повредата која ја заработи Ешли Јанг.

„Ако Јанг не може да излезе на терен, Шо е една сериозна опција за Свонси. Јанг можеше да игра против Брајтон, но Шо беше стартер и тоа не беше проблем“, истакна Мурињо.

Другиот играч кој му прави проблеми на Мурињо е Французинот, Пол Погба кој е мета на критика за лошите партии во последно време. Медиумите во текот на репрезентативната пауза дури пишуваа и дека „Специјалниот“ му се јавил на францускиот селектор, Дидие Дешан, со молба да влијае на Погба, но Жозе вели дека тоа не е точно.

„Тоа е невистина. Не сум се слушнал со Дидие, последен пат кога зборувавме веројатно беше кога Дешан беше играч“, заклучи Мурињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

„Земјотрес“ во Манчестер: Челси го избрка, а сега се враќа да го спасува Јунајтед!?

Манчестер Јунајтед во јануари има јасна цел – да го зајакне средниот ред. Клубот ја …