Дома Фудбал Англија Уругвајците ја нападнаа англиската Федерација: Исчистете го името на Кавани

Уругвајците ја нападнаа англиската Федерација: Исчистете го името на Кавани

Фудбалскиот сојуз на Уругвај испрати отворено писмо до Фудбалскиот сојуз на Англија во кое го повикува да ја укине казната за Единсон Кавани.

Кавани доби казна од три меча и 100.000 фунти откако беше обвинет за расизам со пораката на благодарност што ја прати на свој пријател на Инстаграм во ноември со зборовите: „Gracias negrito“. (Благодарам, црнче).


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Кавани преку социјалните мрежи објави дека неговиот коментар бил пријателски, а тој доби и поддршка од уругвајската федерација, но и Уругвајската асоцијација на писатели, која смета дека се работи за нормална фраза во уругвајската верзија на шпанскиот јазик.

„Бараме ФА веднаш да ја поништи казната против Единсон Кавани и да го исчисти неговото име во светот. Далеку од осуда на расизмот, ФА на Англија изврши дискриминаторско дело против нашата култура и начинот на живот на уругвајскиот народ“, се вели во соопштението.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Пеп го губи „компасот“: Гвардиола ги изненади навивачите со изборот на лев бек за дербито против Јунајтед

На „Етихад“ утре ќе се одигра големото градски дерби меѓу Манчестер Сити и Манчестер Јунај…